Creative Macedonia, заедно со Cestitka, го означуваат стартот на предновогодишните забави и дедо мразовски шопинг и ви закажуваат средба на најголемиот Базар на рачни изработки.
Повелете на 8-ми Декември во Хотел Континентал заедно да го почувствуваме духот на празниците и да ги понесеме боите на честитките.
Над 70 ракотворци ќе ви ги понудат своите рачни изработки, ќе ви дадат идеи за уникатни подароци, за збогатување на вашиот дом, работно биро или едноставно за ваш личен новогодишен мерак.
Спремете се за целодневен престој и најавете дома да не ве чекаат за ручек, бидејќи овој Базар има програма поради која нема да сакате да си заминете. Проекција на цртани, филмови, музички бендови, штиклирање на шопинг листи, честитки и насмевки се на репертоарот на нашиот Базар.
Слободен влез!
Новогодишната еуфорија може да започне!

Програма:
12:00- Магично шоу
13:00- Arthur Christmas’
15:00- Школа за гитара Бојковски
17:00- Детска претстава- Дедо Мраз кај Црвенкапа
18:00- Школски бенд на СУГС Раде Јовчевски- Корчагин
19:00- Рецитал на англиски и француски јазик

Организатор: Creative Macedonia
Генерален Спонзор: Radio Fortuna 96.8fm
Спонзор: Просветно дело
Поддржано од: Cestitka, HITportalMK

 

Posted by Creative Macedonia on Monday, November 19, 2018

Categories: Настани